На Здравје

Како се мотивирав да престанам да пушам.

мај 23, 2011 · 1 коментар

…Мислам дека е кај секој индивидуална мотивацијата за престанок со пушење. Кај мене редоследот мислам дека беше следниот:

  1. Просечни резултати во работата поради притисокот да се најде време и место да се пуши. А верувам дека можам повеќе.
  2. Подобрување на финансиска состојба 1. Доаѓам од микрофамилија (родители + едно дете) со само еден вработен. Со пушењето почнав да ја ризикувам и таа работа што ја имаме и решив да го променам тоа. Тешко е за некој кој е современик со Тито да размислува така, полесно ќе страда отколку да си признае ваква работа ама мислам дека јас доста од ова добив на мотивациска страна. Башка немаме стан, удривме некои математики и свативме дека со сопругата пушиме по пола рата за кредит за стан.
  3. Подобрување на финансиска состојба 2. Претходната точка е за долгорочна цел, стан работа. Јас најдов уште еден пресек на финансиската ситуација кој дава почести и пореални, повидливи задоволства што значи мотивира инстантно.. да објаснам…. Сопственик сум на паметен телефон на кој има Android OS. На телефонон ставив апликации за следење на тек на откажување на цигарите. За мотивација на некои од нив имаше да си направиш wish list (нов точак, телефон, дигирален апарат), т.е. листа на работи кои би си ги купил доколку заштедиш од непушење. Нормално претходно се сетира апликацијата со датуми на откажување, цена на кутија цигари, број на испушени цигари на ден и сл. Така ова ти води евиданција за работи кои што сакаш да си ги купиш и колку од овој список имаш заштедено, на пример 77% од точак од 300 евра и сл. Со овие програмчиња за прв пат овие работи за мене станаа измерливи, а по природам сум статистичко типче и детето во мене дојде веќе до израз. Да, понекогаш блејам премногу во телефонот ама мислам дека ми се исплати и тоа како, од сите аспекти… финансискиот го спомнав, следи:
  4. Здравствен аспект. Купив точак, ставив endomondo (www.endomondo.com) на мобилниот, сега и спортот ми стана измерлив. Како мал имав предиспозиции за спорт ама немав кондиција ниту пак мотивација да спортувам. Бев ситен и мразев кога некои битанги поставуваат фудбалски правила и се прават судии, а друг спорт во провинција и не постоеше у тоа време. Сега вртам по 20-30 километро на точак на ден, а мобилниот тоа уредно го евидентира (со помош на ГПС имам ектра измерена статистика, возам на предизвици,..). .. Неверојатно но престанок на сите болки во градите кои трајат повремено 10 години, а редовно последните три, подобрена кондиција, вратен здив (3 години се чувствувам како да имам асма),… ….Сепак ова му дојде како последица не како приоритетен мотив.
  5. После 20 дена се испофалив дека не пушам на сите што ги знам. 20 дена траев и криев како најголема тајна. Глупо е да се пофалиш и на втор ден да се откажеш. Мислам дека е депресивно дури. Информацијата дека не пушам 20 дена беше сензација кај најблиските кој ме знаеја како страствен пушач. Ако речеш дека ќе ги откажуваш пред да почнеш мислам дека реакција на најблиските на неверување ќе те демотивира, вака предизвикуваш фасцинација и пријатно изненадување кај најблиските кои нормално се пушачи, стално се жалат дека ги болат гладите, губат здив и стално киснат дека треба да ги откажат… е сега вака се и задолжуваш, ќе ги изненадиш пријатно толку многу што повторен почеток го доживуваш како да ќе биде големо разочарување кај нив што ти е поголема мотивација да не пробаш од прво пробување у средно  (од страв од родители и сл.). Родителите се пресрекни, брат/сестра и најдобри другари у хор бараат да им кажеш како си успеал (демек сеа си гуру за откажување), а и те поддржуваат отворено. Со години не си бил толку интересен, не си имал да кажеш поголема новина. Али за да те сватат сериозно треба минимум 20 дена да не пушиш прво, инаку ќе се скептични дека ќе успееш и тој филм може да ти ја скине вољата.

Во различни моменти преовладуваше различен мотивациски елемент. Се создаде кај мене некоја мрежа од мотивациски ситуации кои не ми даваа ниту да помислам на цигара. Остана една кутија на масата дома со 5 цигари и стои веке 65 дена, а викаат дека треба да се исчисти станот од цигари. Сите викаат да се фрлела пола кутија и сл., кај мене реченицата беше – еве и на маса ќе стојат и нема да пушам…

категории: Некатегоризирано · здравје
Tagged: , , , , ,



1 response so far ↓

  •   gjoamitipoezija // мај 23rd 2011 at 8:18 pm

    jas se zarekov deka nema da se otkazam od cigarite, inaku, lesno bi se oslobodil od taa navika… ali,karakter…

Напиши коментар